Имран Кан избран за нов премиер на Пакистан

На изборите во Националното собрание на Пакистан составено од 342 пратенички места Имран Кан освои 176 гласа со што стана нов 22-ри пакистански премиер, а неговиот противник Шахбаз Шериф доби 96 гласа

1034558
Имран Кан избран за нов премиер на Пакистан

На изборите што се одржаа во Националното собрание на Пакистан лидерот на Движењето за правда на Пакистан (ПТИ) Имран Кан е избран за нов 22-ри премиер на земјата.

На изборите се натпреваруваа Имран Кан, лидерот на Движењето за правда на Пакистан (ПТИ) како најбројна група во собранието и Шахбаз Шериф кандидатот на опозицискиот блок и лидер на Муслиоманската лига-Наваз на Пакистан (ПМЛ-Н).

Во Националното собрание на Пакистан составено од 342 пратенички места Имран Кан освои 176 гласа со што стана нов 22-ри пакистански премиер, а неговиот противник Шахбаз Шериф доби 96 гласа.

Новиот премиер ја доби поддршката и на партиите како што се Обединетото народно движење (МКМ) и Авами националната партија (АНП) и на независните пратеници во собранието.

На тој начин Имран Кан кој е избран за нов пакистански премиер утре ќе положи заклетва пред претседателот Мемнун Хусејин по што ќе ја добие надлежноста за формирање влада и ќе почне да ја извршува својата премиерска функција.

 



Слични вести