Бројот на жртвите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Индија се искачи на 164 лица

Во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од поројните врнежи од дожд кои што ја зафатија провинцијата Керала во Индија според последни добиени информации загинаа 164 лица

1034303
Бројот на жртвите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Индија се искачи на 164 лица

Бројот на жртвите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од поројните врнежи од дожд кои што ја зафатија провинцијата Керала во Индија од 8 август се зголеми на 164 лица.

Браните и реките се прелеаја поради прекумерните врнежи од дожд во провинцијата Керала, се срушија и оштетија мостовите и магистралните патишта, а куќите беа одвлечени од надојдените води. 

Денеска со прекинот на дождот се интензивираа активностите за евакуирање и во овие активности учествуваат и хеликоптери.

Поради преплавување од надојдените води на авионската писта до сабота се сопрени сите летови од и за меѓународниот аеродром Кочин. 

Во монсунската сезона оваа година во седум провинции во Индија од поплавите и силните врнежи од дожд досега животот го загубија повеќе од 800 лица.

Повеќе од 150 илјади лица во погодените подрачја се евакуирани и сместени во формирани кампови на 1.200 локации. 

 



Слични вести