Во самоубиствен напад во Кабул во Авганистан загинаа 48 ученици, а 67 се ранети

Во самоубиствен напад на еден центар за образование во главниот град на Авганистан Кабул животот го загубија 48 ученици, а 67 беа ранети

1033229
Во самоубиствен напад во Кабул во Авганистан загинаа 48 ученици, а 67 се ранети

Во реализиран самоубиствен напад во главниот град на Авганистан Кабул животот го загубија 48 ученици, а 67 беа ранети.

Нападот беше реализиран на еден центар за образование за подготвување за универзитетски испит.

Се мисли дека нападот е реализиран од страна на Талибан.

Авганистанскиот претседател Ешреф Гани во дадената изјава во врска со самоубиствениот напад рече: „Го осудувам овој терористички напад. Уште еднаш беа поставени на цел невини луѓе.“ 

Турција го осуди нападот.

Во објавеното соопштение од турското министерство за надворешни работи се вели следното: „Го изразуваме нашето сочувство до пријателската авганистанска влада и братскиот авганистански народ, а на ранетите им посакуваме побрзо оздравување.“

Инаку, во реализираните напади од страна на Талибан во Авганистан во полседната една недела животот го загубија повеќе од 300 припадници на безбедносните сили на оваа земја.



Слични вести