Страотна несреќа кај Џенова во Италија: Се сруши мост и се стравува дека има голем број загинати

Во близина на градот Џенова на автопатот А-10 во северниот дел на Италија се сруши мост (надвозник) и се стравува дека има голем број загинати и повредени во оваа страотна несреќа

1032251
Страотна несреќа кај Џенова во Италија: Се сруши мост и се стравува дека има голем број загинати
ıtalya.jpg
italya.jpg

При уривање на мостот Моранди на автопатот А-10 во близина на градот Џенова во северниот дел на Италија според првични претпоставки 22 лица го загубија животот од кои едно дете, а 8 лица се тешко повредени.

Мостот кој што поминува околу 60 метри над населено место се сруши врз зградите.

Во моментот на уривање паднаа 20-сетина возила кои се движеа по мостот.

Екипите за спасување истакнуваат дека под урнатините би можело да има десетици затрупани лица.

За водење на активностите за спасување на местото на настанот се испратени 200 пожарникари.

Пожарникарните екипи во дадената изјава за новинската агенција Аднкронос истакнаа дека има голем број загинати во затрупаните возила под урнатините.

Како што се вели продолжува интервенцијата на екипите за итна помош и пожарникарите за извлекување на затрупаните лица под урнатините и дека некои од повредните биле префрлени на лекување во болница.

Италијанскиот министер за транспорт Данило Тонинели преку социјалната медија напиша: „Ги следам со голема загриженост случувањата во Џенова. Сето личи на страотна трагедија.“

Потоа министерот Тонинели замина на местото на несреќата.

Се мисли дека мостот можеби се урнал поради недоволната стабилност на конструкцијата, меѓутоа дека во тоа можеби имало влијание и силниот дожд.

Мостот (надвозникот) е изграден во 1960 година, а во 2016 година беше реконструиран.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го изрази своето сочувство до италијанскиот народ по повод несреќата.

Ердоган на одржаната заедничка прес-конференција со ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади рече: „При уривање на мост во градот Џенова во Италија загинаа 11 лица (потоа беше соопштено дека бројот на жртвите изнесува 22 лица). Го изразувам моето сочувство за загинатите. Му посакувам сочувство на целиот италијански народ.“

Портпаролот на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Ибрахим Калин, исто така на својата сметка на социјалната мрежа „Твитер“ напиша: „Го доставуваме нашето сочувство за загинатите при уривање на мостот Моранди кој се наоѓа на автопатот А-10 кај градот Џенова во Италија, а на блиските и на италијанскиот народ им посакуваме трпение.“

 



Слични вести