САД ќе бидат изложени на поголема штета од економската војна против Турција
Санкциите врз Турција сносат два големи ризици, рече поранешниот амбасадор на САД во Анкара Рос Вилсон

Поранешниот амбасадор на САД во Анкара Рос Вилсон рече дека економската војна што ја започна неговата земја против Турција ќе предизвика штета и на сметка на САД а исто така негативно ќе се одрази и врз светот.
Во интервјуто за американскиот ТВ-канал ФОКС, поранешниот амбасадор Вилсон ја критикуваше санкционата одлука на САД и рече дека во случај не се фрли чекор назад во врска со одлуката, истата негативно ќе се одрази врз САД и светот.
Санкциите врз Турција сносат два големи ризици, рече Вилсон и додаде:
Според мене, еден од ризиците е неповолниот одраз на санкциите врз односите меѓу двете земји кои имаат големо значење. Вториот ризик се однесува на фактот дека неповолниот развој на турската економија исто така неповолно ќе се одрази и врз другите пазари.
Санкционите одлуки насочени против Турција ќе преизвикаат голема штета на интересите на САД, рече Вилсон поради што ја повика земјата да фрли чекор назад.
Слични вести

Иран: „Ако Израел нè нападне, ќе ги уништиме Тел Авив и Хаифа“
Никој во регионот не го сака ционистичкиот режим и затоа мораа да изградат ѕидови околу нив