ОН загрижени од „тешките цивилни загуби“ во Идлиб, Хама и Алепо во Сирија

Фархан Хак, едниот од портпаролите на генералниот секретар на ОН, привлече внимание дека во судирите во северозападниот дел на Сирија кои што продолжуваат доаѓа до „тешки цивилни загуби“

1031834
ОН загрижени од „тешките цивилни загуби“ во Идлиб, Хама и Алепо во Сирија

Обединетите нации (ОН) соопштија дека поради судирите кои што продолжуваат во подрачјата на градовите Идлиб, Хама и Алепо во северниот дел на Сирија на крајот на неделата животот го загубија најмалку 134 лица.

Фархан Хак, едниот од портпаролите на генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, на редовниот дневен брифинг за печатот привлече внимание дека во судирите во северозападниот дел на Сирија кои што продолжуваат, доаѓа до „тешки цивилни загуби“.

Велејќи дека во експлозијата до која што дојде вчера во еден магацин за муниција во зграда во која што живееле и цивили во областа Сармада во северниот дел на градот Идлиб, животот го загубија најмалку 59 лица од кои 17 беа деца, Хак напомена дека како што сооошти  и Фондот за помош на децата при ОН (УНИЦЕФ) во последните 36 часа во северниот дел на Идлиб и Алепо животот го загубија 28 деца.

Фархан Хак истакна дека цел на нападите беа и три здравствени центри поддржани од УНИЦЕФ кои им доставуваат помош на децата и жените и дека две од овие здравствени центри се доведени во неупотреблива состојба.

Хак воедно упати повик до сите завојувани страни да не ги напаѓаат цивилите, училиштата и болниците, да се придржуваат кон меѓународното хуманитарно право и да дозволат континуиран хуманитарен пристап без поставување на никакви пречки.



Слични вести