Во двоен самоубиствен напад во Нигерија загинаа 10 лица, а голем број се ранети

Во двоен самоубиствен напад на едно прометно место во областа Мадагали во провинцијата Адамава во североисточниот дел на Нигерија загинаа 10 лица, а голем број лица се ранети

1031582
Во двоен самоубиствен напад во Нигерија загинаа 10 лица, а голем број се ранети

Во реализиран двоен самоубиствен напад од страна на терористичката организација Боко Харам во североисточниот дел на западноафриканската држава Нигерија животот го загубија 10 лица, а голем број лица се ранети. 

Според вестите во националниот печат на Нигерија, на едно прометно место во областа Мадагали во провинцијата Адамава е звршен двоен самоубиствен напад.

Во двете едновремено реализирани напади загинаа 10 лица, а голем број лица се ранети.

Колективните акции на насилство кои што ги реализира Боко Харам од 2009 година и која е присутна во Нигерија уште од 2000-дитите години, станаа причина за смртта на повеќе од 20 илјади лица.

Оваа терористичка организација од 2005 година реализира напади и во соседните земји како што се Камерун, Бенин, Чад и Нигер. 

Така во нападите на организација во басенот на Езерото Чад загинаа најмалку 2 илјади лица.



Слични вести