Одлуките на Трамп ја вознемируваат и Светската трговска огранизација (СТО)

Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека одлуките за кои станува збор ја водат Светската трговска организација (СТО) кон криза

1031097
Одлуките на Трамп ја вознемируваат и Светската трговска огранизација (СТО)

Одлуките кои што ги донесува американскиот претседател Доналд Трамп во врска со царинските даноци освен трговските партнери на САД ја вознемируваат и Светската трговска организација.

Весникот „Њујорк тајмс“ напиша дека одлуките за кои станува збор ја водат Светската трговска организација (СТО) кон криза.

Според веста на весникот, Светската трговска организација е загрижена од тоа дека секоја одлука што ќе ја донесе по прашањето би можела да доведе до криза.

Најзначајната причина за оваа загриженост пак е таа што соодветната одлука која што ќе биде донесена против управата на Трамп ќе доведе до можност САД да ја напуштат организацијата.

Во веста се нагласува дека соодветна одлука пак која што ќе произлезе против САД ќе може да го намали влијанието на организацијата над другите земји. Тоа пак би можело да ги наведе земјите за кои што станува збор кон одбрана на сопствените национални безбедносни интереси. 

Генералниот директор на Светската трговска организцаија (СТО) Роберто Азеведо претходно предупреди дека без оглед на тоа колку ќе биде независна одлуката во врска со прашањето на крај ќе доведе до незадоволство кај некои. 

Инаку, управата на Трамп наведе дека „не се постапува праведно“ кон САД во трговијата и соопшти дополнителни царински даноци за голем број производи на чело со челикот и алуминиумот.

Откако пак пристигна одмазда за високите царински даноци кои што ги соопшти се пожали кај Светската трговска организација (СТО).

 



Слични вести