Бројот на жртвите во експлозијата во Идлиб се зголеми на 67 лица, а 50 лица се ранети

Директорот за Цивилна одбрана на Идлиб (Белите шлемови) Мустафа Хаџ Јусуф изјави дека бројот на загинатите цивили во експлозијата што се случи вчера во населеното место Сермада кај градот Идлиб во Сирија се зголеми на 67 лица, а 50 лица се ранети

1031358
Бројот на жртвите во експлозијата во Идлиб се зголеми на 67 лица, а 50 лица се ранети

Бројот на загинатите цивили во експлозијата што се случи вчера во населеното место Сермада кај градот Идлиб во Сирија се зголеми на 67 лица, а 50 лица се ранети. 

Директорот за Цивилна одбрана на Идлиб (Белите шлемови) Мустафа Хаџ Јусуф во врска со експлозијата го изјави следното:

„Во стариот двор на граничниот премин Бабул Хава во населеното место Сермада, во областа каде што живеат раселените од северен Хомс околу 4 часот дојде до голема експлозија. Во експлозијата се урнаа две шест спратни згради во кои живееја раслените од северен Хомс. Од под рушевините ги извлековме мртвите тела на 67 цивили од кои 35 жени и деца, а 50 цивили беа ранети.“

Хаџ Јусуф истакна дека на крајот на активностите за пребарување и спасување кои што завршија денеска наутро од под урнатините се спасени 17 затрупани цивили од кои повеќето жени и деца  и дека ранетите беа префрлени на лекување во околните болници.

Под дејство на експлозијата беа оштетени и голем број згради и возила наоколу, додека надлежни ја истражуваат причината за експлозијата.



Слични вести