Светот со соодвтени економски и политички потфати треба да одговори на американските санкции

САД санкциите ги користи како средство за намалување на економската моќ на Русија

1029792
Светот со соодвтени економски и политички  потфати треба да одговори на американските санкции

Рускиот премиер Димитриј Медведев рече дека во случај меѓу новите американски санкции стапат на сила спречување на банкарските активности и девизните курсеви, тогаш овој потфат ќе го сметаат за економска војна.

Медведев од рускиот полуостров Камчатка во интервјуто за новинарите во врска со новите американски санкции одговараше на прашањата на новинарите и рече:

Треба соодветно да одговориме на овој потфат како и сите економски и политички чекори САД.

Рускиот премиер Медведев рече дека наспроти политичките тврдења, САД санкциите ги користи како средство за намалување на економската моќ на Русија.

Русија со векови води борба против санкциите. Зошто тоа се прави? За да се спречи силното партнерство на Русија на меѓународната арена, рече Медведев.

Со минатонеделниот нацрт-предлог за преземање санкции на група американски сенатори под изговор дека Русија интервенирала во Сирија и Украина како и претседателските избори во 2016 година, се планира серија санкции врз Русија.

Од друга страна пак, според соопштението кое беше објавено од страна американскиот државен секретаријат за надворешни работи, новите санкции кои ќе се преземат против Русија како последица на труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал и ќерка му во Британија, на сила ќе стапат на 22 август.



Слични вести