Тахера Рахман првата спикерка со шамија во САД

Како и сите муслимани така и јас бев шокирана од трагедијата на 11 септември. Муслиманите наеднаш почнаа да се сметаат за непријатели.

1029153
Тахера Рахман првата спикерка со шамија во САД

Тахера Рахман која по терористичките напади на 11 септември во САД со цел да ја промени перцепцијата за муслиманите во САД избра да биде новинарка, го оствари сонот да биде прва спикерка со шамија на САД.

Тахера Рахман која се бави со новинарство во американскиот локален ТВ-канал WHBF, покрај сите тешкотии со кои се соочи, истите ги победи и стана прва спикерка на информативната програма со шамија на САД.

Рахман која работи во ТВ-канал WHBF кој се емитува во сојузните држави Илиноис и Ајова истакна дека нејзината приказна започна за време на нападите на 11 септември.

Како и сите муслимани така и јас бев шокирана од трагедијата на 11 септември. Муслиманите наеднаш почнаа да се сметаат за непријатели. Јас сум родена и пораснав во САД, но соседите постојано на нас гледаа со сомнение. Тогаш одлучив да направам нешто се цел да ја спречам оваа перцепција, вели Рахман.

Новинарството како професија го избрав бидејќи располага со моќ на пренесување на приказните на луѓето, рече Романа потенцирајќи дека со поддршка на мајка и од индиско потекло и татко и од пакистанско потекло, го завршила факултетот за новинарство на Универзитетот Лојола во Чикаго.

За време ма образованието и стажот често пати ми беше поставено прашањето: Дали би ја извадила шамијата за да ја добиеш работата за која сонуваш?, на што одговарав Не.

Тогаш тие ми рекоа дека на овој одговор ќе бидам принудена да слушнам многу одбивања од работа. Така и се случи. Од десетици апликации за работа, постојано ме одбиваа.

Рахман откако разбрала дека не ќе може да добие работа како новинарка само поради тоа што носи шамија, овојпат се пренасочила да работи како продуктор на информативна програма во ТВ-канал WHBF, односно во позадината на камерата. На оваа позиција работела над две години.

Секако дека во текот на овој период не се откажала од сонот да стане спикерка на информативна програма, вели Рахман и продолжува:

По одбивањето на првите две апликации, на газдите им испратив електронски писма, посочувајќи што треба да направам за да ја работам работата која што ја сакам и што се треба да направам за да бидам добра кандидатка. Потоа почнав да работам многу. По третата апликација бев примена на работа како спикерка.

Првпат на екранот излегов на 8 февруари, вели Рахман и додава дека од целиот свет и сите средини, вклучувајќи ја и Турција добила многу поволни реакции.



Слични вести