Националното собрание на Венецуела го укина имунитетот на двајца опозиционери

На гласањето што се одржа во Националното собрание на Венецуела едногласно беше донесена одлука да биде укинат имунитетот на Хулио Борхес кој живее во Колумбија и на Хуан Рекуесенс кој се наоѓа во притвор

1028846
Националното собрание на Венецуела го укина имунитетот на двајца опозиционери

Националното собрание на Венецуела им го укина имунитетот на поранешниот претседател на собранието и лидер на опозицијата Хулио Борхес и на опозицискиот пратеник Хуан Рекуесенс за кои се тврди дека се одговорни за обидот за атентат врз претседателот Николас Мадуро.

На гласањето што се одржа во собранието едногласно беше донесена одлука да биде укинат имунитетот на Борхес кој живее во Колумбија и на Рекуесенс кој се наоѓа во притвор.

Претседателот на Националното собрание на Венецуела Диосдадо Кабело потсети дека Борхес и Рекуесенс се обвинуваат во врска со обидот за атентат и рече: „Овие лица се само двајца за кои се мисли дека се вмешани во обидот за атентат, меѓутоа истрагата е во тек. Ќе биде задоволена правдата.“

Главниот јавен обвинител Тарик Вилијам Сааб исто така изјави дека надлежни обелоденија дека во обидот за атентат врз венецуелскиот претседател Николас Мадуро се замешани 19 лица.



Слични вести