Колумбија ја призна Палестина како независна држава

„Колумбија ја призна Палестина како независна држава“, соопшти палестинскиот заменик-министер за надворешни работи Тајсир Џарадат

Колумбија ја призна Палестина како независна држава

Заменик-министерот за надворешни работи на Палестина Тајсир Џарадат истакна дека Колумбија ја призна Палестина како независна држава.

Џарадат рече дека поранешниот претседател на Колумбија Хуан Мануел Сантос пред истекот на неговиот мандат во писмото што му го предал на палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ел-Малики ја соопштил одлуката за признавање на државата Палестина.

Тајсир Џарадат напомена дека Малики се состанал со Сантос и дека одлуката за признавање му била лично соопштена.

Џарадат ја пофали одлуката на Колумбија и нагласи дека тоа е резултат на палестинската дипломатија.

Џарадат додаде дека кон средината на овој месец ќе го посети Парагвај и дека се надева оти и оваа земја ќе ја признае Палестина.

Според податоците на палестинското министерство за надворешни работи, Палестина е официјално призната од страна на 139 земји.

Инаку, новиот претседател на Колумбија Иван Дуке кој дојде на местото на досегашниот претседател Хуан Мануел Сантос вчера положи заклетва и официјално почна да го извршува четиригодишниот претседателски мандат.



Слични вести