Абас го повика светот да интервенира за да се стави крај на израелските напади на Газа

Според официјалната палестинска новинска агенција WAFA, палестинскиот претседател махмуд Абас кој на меѓународна арена оствари интензивни телефонски разговори предупреди за да не дојде до зголемување на затегнатоста

1029100
Абас го повика светот да интервенира за да се стави крај на израелските напади на Газа

Палестинскиот претседател Махмуд Абас упати повик до меѓународната заедница за „интервенција“ како би било ставено крај на нападите кои што ги реализира Израел на Појасот Газа кој се наоѓа под блокада.

Според официјалната палестинска новинска агенција ВАФА, Абас кој на меѓународна арена оствари интензивни телефонски разговори предупреди за да не дојде до зголемување на затегнатоста.

Абас во упатениот повик до меѓународната заедница побара итно да се интервенира за стопирање на нападите на Израел и да не дојде до поголеми рушења и дестабилизација во регионот.

Палестинската влада претходно во своето објавено писмено соопштение исто така истакна дека за затегнатоста на Појасот Газа и 11 годишната блокада се одговорни израелската влада и амеирканската управа.

Инаку, во нападите кои што ги реализира Израел од синоќа на Газа животот го загубија тројца Палестинци меѓу кои се наоѓаат и една бремена жена и нејзиното едно и пол годишно бебе, а најмалку 12 Палестинци беа ранети.

Во меѓувреме, израелската армија истакна дека од среда вечер досега се погодени повеќе од 140 цели на Хамас во Газа и дека од Газа пак се истрелани 80 ракети. 

 



Слични вести