Либерман: Израелската армија е спремна за секој вид сценарио во врска со Сирија

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман за време на посетата на окипираните Голански висорамнини истакна дека израелската армија е спремна за секој вид сценарио во врска со Сирија

1027923
Либерман: Израелската армија е спремна за секој вид сценарио во врска со Сирија

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман ги посети воените единици распоредени на Голанските висорамнини, инаку територии кои се наоѓаат под израелска окупација, и во оваа пригода изнесе проценки во врска со последните случува во Сирија.

Либерман истакна дека израелската армија е спремна за секој вид сценарио во врска со Сирија.

Велејќи дека силите на Асадовиот режим формираа „голема“ копнена армија во Сирија и дека оваа армија би можела да ја зголеми својата сила и над онаа во изминатите години, Авигдор Либерман рече; „Затоа го следиме секој развој и сме спремни за секој вид сценарио“.

Израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман за време на оваа негова посета на Голанските висорманини беше придружуван и од страна на началникот на израелската армија Гади Ајзенкот.

Инаку, Израел од 1967 година наваму го држи под окупација Голанските висорамнини кои и припаѓаат на Сирија.



Слични вести