Екстремно високите температури во Јапонија за 3 месеци одзедоа 138 животи

Поради екстремно високите температури во Јапонија во последните 3 месеци починаа 138 лица, а 71.266 лица се хоспитализирани

1028400
Екстремно високите температури во Јапонија за 3 месеци одзедоа 138 животи

Според подготвениот извештај од страна на Националната агенција за елементарни непогоди, екстремно високите температури во Јапонија во последните 3 месеци беа причина за смртта на 138 лица.

Поради болести поврзани со прекумерно високите температури пак се хоспитализирани 71.266 лица.

Според извештајот, случаите на болести поврзани со екстремно високите температури достигнаа до највисоко ниво во историјата на земјата. 

Како што се наведува во истиот извештај екстремно високите температури во Јапонија кои што годинава достигнуваат дури до 40 степени како последно во оваа земја беа забележани и во 2013 година.



Слични вести