Стејт департментот: Санкциите ќе имаат мошне значајно влијание врз иранската економија

Високи американски функционери од Стејт департментот го информираа печатот во врска со првата етапа од санкциите врз Иран кои што се ставени во примена и официјално почнувајќи од утрово во 07:00 часот според турско време

1027358
Стејт департментот: Санкциите ќе имаат мошне значајно влијание врз иранската економија

Високи функционери од државниот секретаријат Стејт департментот на САД истакнаа дека санкциите кои што управата на претседателот Доналд Трамп остро ќе ги стави во примена против Иран ќе имаат „мошне значајно влијание“ врз иранската економија.

Овие високи американски функционери го информираа печатот во врска со првата етапа од санкциите кои што по едностраното повлекување на Трамп од нуклеарниот договор со Иран се ставени во примена и официјално почнувајќи од утрово во 07:00 часот според турско време.

Истите функционери ја изнесоа проценката дека „нема сомневање во тоа оти овие санкции ќе имаат мошне значајно влијание врз иранската економија во финансиска смисла“, застанаа во одбрана на тоа дека немаат за цел да дојде до било каква промена на власта во Иран и го изнесоа следното: „Очекуваме Иран да ги промени своите начини на однесување, наша цел не претставува промена на режимот“.

Во врска со критиките околу тоа дека САД „не можеа да формираат соодветна глобална коалиција“ за санкциите кои што ќе ги спроведуваат кон Иран пак, истите високи функционери на Стејт департментот одговорија вака:

„Се обидуваме да формираме глобална коалиција против малигните (лоши, опасни) ставови на Иран. Отворено можеме да кажеме дека строго ќе ги применуваме претседателскиот указ и другите овластувања по ова прашање. Разговараме и со другите земји да го сторат тоа, меѓутоа никој да не се сомнева во тоа дека ние ќе ги искористиме овие наши надлежности.“

Инаку, Заедничкиот сеопфатен акционен план (Joint Comprehensive Plan of Action – JCPOA) во врска со нуклеарната програма на Иран по 20 месечни преговори во јули 2015 година беше потпишан од страна на Иран и  земјите од групата П+1, односно САД, Велика Британија, Кина, Русија, Франција и Европската унија како пет земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија.

Договорот предвидуваше Техеран да стави крај на својата нуклеарна програма, а за возврат на тоа да бидат укинати меѓународните санкции кои што се спроведуваа против Иран.

Меѓутоа, откако во мај американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да се повлече од нуклеарниот договор, секретаријатот за финансии на САД соопшти дека санкциите кон Иран ќе почнат повторно да се применуваат и тоа двоетапно, со преоден период од 90 до180 дена.  

 



Слични вести