Расте бројот на жртвите во земјотресот во индонезискиот остров Ломбок

Портпаролот на Националната агенција за управување со елементарни непогоди Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека бројот на жртвите во земјотресот се зголеми на 91 лице

1026500
Расте бројот на жртвите во земјотресот во индонезискиот остров Ломбок

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди островот Ломбок  во источниот дел на Индонезија се зголеми на 91.

Портпаролот на Националната агенција за управување со елементарни непогоди Сутопо Пурво Нугрохо изјави дека бројот на жртвите во земјотресот се зголеми на 91 лице.

Велејќи дека места кои што се најмногу погодени од земјотресот се северниот и источниот дел на островот Ломбок и градот Матарам, Нугрохо ја сподели и информацијата во врска со тоа дека повеќето од жртвите загинале поради тоа што останале затрупани под срушените куќи.   

Нугрохо напомена дека има голем број загинати во северниот дел на островот Ломбок кој што беше најмногу погоден од земјотресот и рече дека во погоденото подрачје се повредени и близу 300 лица.

Освен тоа Нугрохо додаде дека близу илјада домашни и странски туристи од островите Гили биле евакуирани на безбедни места.

Нугрохо подвлече дека освен тоа што во погоденото подрачје се испратени голем број здравствени екипи се водат обиди за обезбедување и на основните потреби на илјадници лица како што се потреба од ќебиња, шатори и храна.

Во меѓувреме, индонезискиот претседател Јоко Видодо изрази загриженост поради земјотресот и упати повик до сите надлежни единици за реализирање на најдобар начин на активностите во погоденото подрачје.

Министерот за внатрешни работи на Австралија Питер Датон кој исто така беше затечен од земјотресот изјави дека се доста среќни поради тоа што успеале да се спасат од потресот.

Австралискиот министер за внатрешни работи Питер Датон во дадената изјава за радиото 2ГБ кое емитува во Сиднеј истакна дека на индонезискиот остров Ломбок престојувал по повод регионалната конференција за борба против тероризмот и дека во моментот на земјотресот бил затечен во ресторантот на 12-от спрат на еден хотел.



Слични вести