Ирак и Јордан постигнаа договор за воена соработка

Ахмед Махџуб, портпаролот на ирачкото министерство за надворешни работи, истакна дека Ирак и Јордан потпишаа договор за соработка по прашањето на борбата против тероризмот и заштитата на границите

1026410
Ирак и Јордан постигнаа договор за воена соработка

Ирак и Јордан потпишаа договор за воена соработка во сферата на борбата против тероризмот.

Според објавеното соопштение од страна на Ахмед Махџуб, портпаролот на ирачкото министерство за надворешни работи, Ирак и Јордан потпишаа договор за соработка по прашањето на борбата против тероризмот и заштитата на границите. 

Во договорот со кој што се има за цел развивање на воената соработка помеѓу двете земји се истакнува дека ќе бидат споделени искуства по прашањата на разузнавањето и заштитата на заедничките граници во однос на борбата против тероризмот.

Во соопштението не се внесени детални информации во врска со содржината на договорот.  

Инаку, експерти привлекуваат внимание дека за прв пат се постигнува еден ваков договор во оваа сфера по периодот на соборениот ирачки лидер Садам Хусејин во 2003 година, а воедно укажуваат и на тоа дека должината на границата помеѓу Јордан и Ирак изнесува 180 километри.

 



Слични вести