Големите горештини во Германија неповолно се одразуваат врз секојдневниот живот

Со повлекувањето на нивото на водата на реката Елба, на виделина излегоа рачни бомби, мини и други експлозивни средства од периодот на Втората светска војна

1026384
Големите горештини во Германија неповолно се одразуваат врз секојдневниот живот

Големите горештини и сувото лето кои што ја зафатија Германија неповолно се одразуваат врз секојдневниот живот.

Како последица на високите температури кои достигнаа дури 40 степени ги исушија зелените површини, а исто така се намали водостојот на реките и езерата.

Властите соопштија дека во жетвата на земјоделските производи беа забележани сериозни падови дури до 20 насто.

Германската метеоролошка служба (ДВД) соопшти дека во претстојните денови во земјата се очекува да продолжи влијанието на топлотниот бран, додека во среда, температурата на воздухот да достигне над 40 степени.

Со повлекувањето на нивото на водата на реката Елба, на виделина излегоа рачни бомби, мини и други експлозивни средства од периодот на Втората светска војна.

Во последните седум дена во реката беа откриени 5 различни неексплодирани направи.

Со намалувањето на нивото на водата на реката Рајна беше ограничен преминот на некои големи трговски бродови, додека како последица на намалувањето на кислородот во реката се забележува пораст на рибите кои беа загушени и излегоа на водата.

Со повлекувањето на водите на реката во градовите Дизелдорф и Келн, се исушија кејовите.

Граѓаните кои не можеа да одат на одмор или оние кои што сакаа да го искористат сонцето, ги наполнија кејовите.



Слични вести