Поморска воена вежба „Одговор на орелот 2018“ во Црвеното море

Египет, САД, Саудиска Арабија и ОАЕ реализираат заедничка воена поморска вежба во Црвеното море

1023033
Поморска воена вежба „Одговор на орелот 2018“ во Црвеното море

Египет, САД, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) реализираат заедничка воена поморска вежба во Црвеното море.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Вооружените сили на Египет,  продолжува воено поморската вежба „Одговорот на орелот 2018“ во која учествуваат поморските сили на сите 4 земји.

Во рамките на вежбата деноноќно се остваруваат тактички битки, заштитни мерки против експлозиви и мини, подморски операции, активности за пребарување и спасување.

Во соопштението не беа објавени детални информации во врска со датумот на окончувањето на операцијата во која учествуваа и воени бродови на САД и ОАЕ.



Слични вести