Терористичката ПКК/ПЈД-ЈПГ оружјето од САД го продава на црна берза

Според договорот меѓу Турција и САД, силите на ЈПГ до крајот на 2018 година треба да се повлечат од Мунбич и западно од Еуфрат

1020122
Терористичката ПКК/ПЈД-ЈПГ оружјето од САД го продава на црна берза

Согласно постигнатиот договор меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) за повлекување на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ од Мунбич и западно од Еуфрат до крајот на 2018 година, организацијата оружјето што го поседува го продава на црната берза и обезбедува финансиски ресурси.

Во врска со ветувањето на САД дека терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ ќе се повлече од окупираните територии во Сирија, првенствено од Мунбич, и дека ќе го врати оружјето што САД им го доделија, на терен постои сосема спротивна ситуација. САД продолжува испраќа нови количества оружје на терористите.

Конвој од 200 шлепери со оклопни возила, тешко вооружување и муниција влезе во Сирија, минувајќи го граничниот премин „Сималка“ кој е контролиран од страна на Регионалната курдска управа на северот на Ирак.

Од друга страна, во северниот дел на Сирија, терористичката организација ПКК/ПЈД-ЈПГ на црната берза го продава оружјето добиено од САД. На тој начин се обезбедуваат финансиски ресурси за организацијата и истовремено се обезбедува останување во регионот на американското оружје кое треба да биде вратено во САД.

Според договорот меѓу Турција и САД, силите на ЈПГ до крајот на 2018 година треба да се повлечат од Мунбич и западно од Еуфрат и да го вратат оружјето добиено од САД.

Терористичката организација која не го враќа оружјето добиено од САД, со промена на местото планира да го употреби оружјето при евентуална операција против Турција.

САД продолжуваат со помош во оружје да ги поддржуваат елементите на терористичката организација во Сирија кои се кријат под плаштот на т.н. Сириски демократски сили (СДГ).



Слични вести