282 активисти во Ирак пуштени на слобода

Демонстрациите кои започнаа на последица на невработеноста во јужните градови на земјата уште повеќе ескалираа со прекинот на електричната струја

1019684
282 активисти во Ирак пуштени на слобода

282 активисти кои беа приведени во рамките на протестите што се одржаа на почетокот на месецов во јужните градови на Ирак, беа пуштени на слобода.

Фадил ел-Гарави членот на Високиот Комесаријат за човекови права на Ирак рече дека од 239 активисти кои беа приведени во рамките на протестите во градот Мејсан, 237 беа пуштени на слобода. Во Зикар 33, вво Карбала 12 активисти беа пуштени на слобода.

Комесаријатот соопшти дека 176 лица кои беа приведени во градот Васит исто така беа пуштени на слобода.

Ирачките власти не објавија никакво соопштение во врска со настанот.

Демонстрациите кои започнаа на последица на невработеноста во јужните градови на земјата уште повеќе ескалираа со прекинот на електричната струја.

Кратко време по протестите во Басра, Мусена, Зикар, Мејсан и Неџеф, на 14 јули протестите се проширија и во Багдад.



Слични вести