Се сруши брана во Лаос: 6 села останаа под вода

Според новинската агенција „Лаос“, браната за хидроцентрала која се наоѓа во покраината Атапи во Лаос се срушила од засега непознати причини.

1018444
Се сруши брана во Лаос: 6 села останаа под вода

Како резултат на рушење брана во југоисточниот дел на Лаос, животот го загубија голем број лица, додека стотици други се водат како исчезнати.

Според новинската агенција „Лаос“, браната за хидроцентрала која се наоѓа во покраината Атапи во Лаос се срушила од засега непознати причини.

Како резултат на рушење на оваа брана, шест села во овој регион останаа под вода, додека голем број лица смртно настрадаа, а стотици се водат како исчезнати.

На местото на настанот се упатени тимови за пребарување и спасување.

Премиерот на оваа земја, Тонглун Сисулит, ги одложи состаноците во својот кабинет и се упати кон ова подрачје.

Локалните власти упатија апел за итна помош од храна и медицински материјали за жителите во регионот.



Слични вести