Трамп го покани Путин во Вашингтон

Трамп на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки ги прифати препораките на советите за безбедност на двете земји за продолжување на дијалогот

1015937
Трамп го покани Путин во Вашингтон

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп, го покани рускиот претседател Владимир Путин, во посета на Вашингтон наесен.

Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс, изјавата во врска со поканата ја објави на социјалните мрежи.

Сандерс во пораката преку социјалната мрежа истакна дека „Претседателот Трамп на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки ги прифати препораките на советите за безбедност на двете земји за продолжување на дијалогот. Претседателот Трамп од советникот за национална безбедност Џон Болтон побара да го покани претседателот Путин во посета на Вашингтон наесен. Продолжуваат средбите во оваа насока“, рече Сандерс.



Слични вести