Завршија тестовите на „непобедливите“ оружја на Русија

Заврши и тест лансирањето на интерконтиненталниот балистички ракетен систем Сармат кој поседува капацитет за носење нуклеарна глава

1015508
Завршија тестовите на „непобедливите“ оружја на Русија

Завршија тестовите на лансирање на интерконтиненталниот хиперсоничен ракетен систем и интерконтиненталната балистичка ракета кои од страна на рускиот претседател Владимир Путин беа наречени „непобедливи“ оружја на Русија.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Русија  беше истакнато дека завршија основните подготовки на ракетниот систем Авангард од страна на Рускиот одбранбено индустриски комплекс и дека се премина кон сериско производство.

Меѓудругото заврши и тест лансирањето на интерконтиненталниот балистички ракетен систем Сармат кој поседува капацитет за носење нуклеарна глава.

Во соопштението се истакнува дека формирањето на новиот систем на стратешко оружје, зголемувањето на  капацитетот на одбранбениот капацитет на Русија има за цел да ги спречи евентуалните напади врз Русија и сојузничките земји.

Рускиот претседател Владимир Путин во говорот што го одржа во март во Сојузното собрание на Русија рече дека новите оружја како што се Авангард и Сармат се непобедливи.



Слични вести