Опозиционерите и Асадовиот режим се договорија за нови евакуации

Опозиционерите и Асадовиот режим во Сирија се договорија за нови евакуации кои што пред се се однесуваат на населените места Фуа и Кефреја кај градот Идлиб, населени со Шиитско население

1014941
Опозиционерите и Асадовиот режим се договорија за нови евакуации

Завршија разговорите кои што извесно време се водат помеѓу опозиционерите и Асадовиот режим во Сирија.

Страните се договорија за новите евакуации во Сирија.

Договорот за евакуации помеѓу Асадовиот режим и опозиционерите ги опфаќа населените места Фуа и Кефреја кај градот Идлиб.

Според тоа од овие две населени места ќе бидат евакуирани приближно 6.900 лица приврзаници на режимот.

За возврат на тоа пак ќе бидат пуштени на слобода 1.500 цивили и опозиционери кои се уапсени и држат во затвор од страна на Асадовиот режим.

Работите за евакуација се очекува да започнат за кусо време.

Доколку постигнатиот договор се реализира ќе бидат испразнети наведените две населени места со Шиитско население.

Инаку, за евакуацијата на Шиитското население од населените места Фуа и Кефреја и претходно беа постигнати договори.

Во меѓувреме, Сиријците кои бегаат од нападите на Асадовиот режим во подрачјата на градовите Дера и Кунејтра вчера пристигнаа до границата со Израел.

Меѓутоа, Израел не им дозволи да влезат на цивилите кои во своите раце носеа бели знамиња и се движат пеш кон границата на оваа земја.



Слични вести