Купот го освои Африка

Се надевам дека Европа ја прими и сфати пораката, рече претседателот на Венецуела Николас Мадуро

1014388
Купот го освои Африка

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро рече дека Купот на СП во фудбал на ФИФА Русија 2018 го освоија африканските доселеници во Франција кои го сочинуваа поголемиот број од играчите на репрезентацијата.

Во говорот во една прилика во Венецуела, претседателот Мадуро рече дека купот на Светското првенство во фудбал го освои репрезентацијата на Франција која многу повеќе личеше на некоја африканска екипа. Во суштина победи Африка кои се деца на африканските доселеници кои успеаја да пристигнат во Франција.

Се надевам дека Европа ја прими и сфати пораката, рече Мадуро потенцирајќи дека треба да заврши расизмот против Африканците во Европа и дискриминацијата против доселениците.

За жал постојано ја презираа Африка. Ја експлоатираа и опљачкаа. Сега кога дојде ред на освојувањето на Купот на СП во фудбал, Франција истиот го освои благодарение на доселениците, подвлече Мадуро упатувајќи честитки на рускиот претседател Владимир Путин за успешната организација на СП во фудбал на ФИФА 2018 во Русија.



Слични вести