Џејмс Матис најави можност за средба со својот руски колега Шојгу

Помеѓу министерствата за одбрана на САД и Русија од 2015 година наваму не е остварена било каква средба, меѓутоа американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис ја најави можноста за остварување на една таква средба

1014324
Џејмс Матис најави можност за средба со својот руски колега Шојгу

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис не гледа негативно на можноста од средба со неговиот руски колега Сергеј Шојкгу.

Според веста на британската новинска агенција Ројтерс ослонувајќи се на дипломатски извори, Матис истакнал дека се отворени вратите за средба со неговиот руски колега Сергеј Шојгу.

Како што се наведува можноста за средба се појавила по остварениот самит помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во финскиот главен град Хелсинки.

Анонимни функционери истакнуваат дека Матис е отворен по прашањето на остварување средба со Шојгу, но дека засега не е воспоставен одреден контакт помеѓу двете страни.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во интервју за италијанскиот весник „Ил Џорнале“ минатата недела истакна дека упатил повик до челниците на Пентагон за дијалог по прашањата на регионалните и глобалните кризи и борбата против тероризмот, но додаде дека Пентагон засега не е спремен за тоа.

Инаку, помеѓу министерствата за одбрана на САД и Русија од 2015 година наваму не е остварена било каква средба. 

 



Слични вести