Расте бројот на жртвите во поплавите и силната бура кои што ја зафатија Нигерија

Во поројните врнежи од дожд и силната бура кои што ги зафатија северните делови на Нигерија според најнови добиени информации бројот на жртвите се зголеми на 49, а повеќе од 20 лица се водат како исчезнати

1013960
Расте бројот на жртвите во поплавите и силната бура кои што ја зафатија Нигерија

Бројот на загинатите во поројните врнежи од дожд и силната бура кои што ги зафатија северните делови на Нигерија се зголеми на 49 лица, а повеќе од 20 лица се водат како исчезнати.

Координаторот во провинцијата Катсина на Агенцијата за управување со итни состојби на Нигерија (СЕМА) Алхажи Рабе Раби’у изјави за новинарите дека поројните врнежи од дожд и силната бура во провинцијата Катсина кои што започнаа ноќта во неделата и два дена како продолжуваат предизвикаа силни поплави.

Велејќи дека поради силните врнежи од дожд и силната бура се срушени приближно 500 куќи и илјадници лица останаа без покрив над главите, Алхажи Рабе Раби’у истакна дека во невремето настрадаа и повеќе од 200 крупен и ситен добиток.

Раби’у напомена дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје и дека воедно се стравува од зголемување на бројот на жртвите.



Слични вести