Од Средоземното Море кај либискиот брег спасени 158 илегални имигранти

Според објавеното соопштение од поморските сили на либиската влада за национален компромис, меѓу 158-те илегални имигранти Африканци кои биле спасени од морето се наоѓале и 9 деца и 34 жени

1013849
Од Средоземното Море кај либискиот брег спасени 158 илегални имигранти

Од водите на Средоземното Море во близина на градот Хумс кај главниот град на Либија Триполи беа спасени 158 илегални имигранти.

Според објавеното соопштение од поморските сили на либиската влада за национален компромис, меѓу 158-те илегални имигранти Африканци кои биле спасени од морето се наоѓале и 9 деца и 34 жени.

Како што се наведува илегалните имигранти кои пловеле со гумен чамец биле спасени од морето на оддалеченост од 26 милји од либискиот грајбрежен град Хумс.

Во период кога се забележува доста голем раст во бројот на илегалните имигранти кои за подобри животни услови преку пустината Сахара и Средоземното Море се обидуваат да заминат во Европа, претседателот на Претседателскиот совет на либиската влада за национален компромис Фајиз ес-Сераџ, во изјавата што ја даде во ноември минатата година, истакна дека бројот на илегалните имигранти кои се наоѓаат во Либија изнесува над половина милион. 

Според локални и меѓународни официјални извори во Либија се наоѓаат илегални имигранти од 24 различни земји.

Од нив 95 насто го сочинуваат Африканци кои преку Средоземното Море се обидуваат да пристигнат во Европа.



Слични вести