Од средбата на Трамп и Путин во Хелсинки: САД и Русија треба да изнајдат патишта за соработка

По остварената средба во финскиот главен град Хелсинки американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин одржаа заедничка прес-конференција

1013743
Од средбата на Трамп и Путин во Хелсинки: САД и Русија треба да изнајдат патишта за соработка

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин по остварениот самит во главниот град на Финска Хелсинки, одржаа заедничка конференција за претставниците на печатот.

Во оваа пригода Трамп истакна дека соработката помеѓу неговата земја и Русија во комплицираната сириска криза располага со потенцијал на спасување на животите на стотици илјади лица.

Трамп напомена дека САД и Русија треба да изнајдат патишта за соработка во реализацијата на своите заеднички интереси и додаде дека конструктивниот дијалог е добро и за САД и за Русија и за светот.

Велејќи дека односите помеѓу двете земји се во лоша состојба колку што не биле никогаш досега, Доналд Трамп рече: „Мислам дека тоа неколку часа како е променето.“ 

„Сигурен сум во тоа дека во иднина ќе се состануваме повеќе со Путин“, рече Трамп и и покрај тоа што наведе дека на средбата се поставени на дневен ред тврдењата во врска со интервенцијата на Русија на изборите во САД во 2016 година избегна од осудување на Москва поради тоа.

Велејќи дека неговата порака по ова прашање „на најдобар начин била доставена на средбата лице в лице“, Трамп рече: „На тоа му одделив долго време. И Путин силно го почувствува тоа и и Тој има интересни идеи по ова прашање.“

Истрагата која што е во тек во врска со тврдењата околу интервенцијата на Русија на одржаните избори во САД во 2016 година, Доналд Трамп ги окарактеризира како „катастрофа“ за САД и додаде дека тоа воедно ги држи далеку двете земји една од друга.

Трамм се осврна и на прашањето со Сирија во врска со што укажа на тоа дека кризата во оваа земја е комплицирана и го додаде следното: „Соработката помеѓу двете земји располага со потенцијал на спасување на животите на стотици илјади лица. Нема да му дозволиме на Иран да ја искористи на терен нашата успешна борба што ја водиме против ДЕАШ.“ 

Трамп истакна дека на средбата се осврнал и на значењето од вршење на притисок врз Иран.

Во врска со Израел пак, американскиот претседател Доналд Трамп го рече следното: „И претседателот Путин му помага на Израел. И двајцата ние разговаравме со Бенјамин Нетанјаху, така да и тие посакуваат да направат нешто конкретно по прашањето со Сирија, за она што се однесува на безбедноста на Израел.“

Велејќи дека и самиот тој и Путин сакаат да видат дека е воспоставена безбедност за Израел, амеирканскиот претседател Доналд Трамп истакна дека постојат неопходните можности за ефикасна соработка по сириското прашање и ја изнесе следната констатација: „Нашите армии долго време како се разбираат подобро од политичките лидери. Се разбираме добро и во Сирија.“

Рускиот претседател Владимир Путин пак истакна дека самитот беше остварен во срдечна атмосфера и средбата ја окарактеризира како „корисна и успешна“.

Велејќи дека беше разговарано за значајни меѓународни прашања во врска со сегашноста и иднината во руско-американските односи, Путин рече: „Јасно е дека билатералните односи поминуваат низ тежок период, меѓутоа не постои одредена објективна причина за овие тешкотии кои што се доживуваат во една тензична атмосфера. Студената војна заврши пред долго време. Идеолошкиот конфликт помеѓу двете земји остана во минатото, состојбата во светот е целосно изменета.“

Привлекувајќи внимание дека Русија и САД денеска се соочуваат со различни тешкотии, Путин напомена дека со здружување на напорите сите тие тешкотии би можеле да се пребродат.

„Денешната средба ја покажува нашата заедничка желба со претседателот Трамп во правец на подобрување на негативната состојба која што се доживува во билатералните односи и тоа се првите чекори во правец на подобрување на нашите односи.“ 

Путин додаде дека двете земји ќе ја продолжат соработката по прашањето на борбата против тероризмот и кибер нападите.

 



Слични вести