Џиновска санта мраз на Гренланд на Северниот пол предизвика голема паника

Минатата година домовите во северозападниот дел на островот Гренланд останаа под вода поради високите бранови предизвикани од земјотрес

1013559
Џиновска санта мраз на Гренланд на Северниот пол предизвика голема паника

Џиновска санта мраз со тежина од 11 милиони тони се приближи до населено место на островот Гренланд на Северниот пол, предизвикувајќи голема паника кај жителите.

Според локалните медиуми, сантата мраз која се приближила до селото Инарсуит, е со ширина од 200, а височина од 92 метри.

Околу 200 лица кои живеат во подрачјето, се евакуирани на безбедно поради евентуално цунами кое може да биде предизвикано од џиновската санта мраз и дека се засилени безбедносните мерки.

Сантата мраз која моментално не се движи, во евентуална силна бура може да се придвижи, да почне да се крши и да предизвика цунами.

Инаку, минатата година домовите во северозападниот дел на островот Гренланд останаа под вода поради високите бранови предизвикани од земјотрес, при што загинаа 4 лица.

Автономната област Гренланд која е поврзана со Кралството Данска, е најголемиот остров во светот, со површина од 2 милиона и 166 илјади километри квадратни.



Слични вести