Кинеските власти наводно бараат трговската војна со САД да не се изнесува во медиумите

Медиумите треба да бидат повнимателни при подготвувањето на економските вести, предупредија кинеските власти

1012550
Кинеските власти наводно бараат трговската војна со САД да не се изнесува во медиумите

Кинеските власти наводно бараат трговската војна со САД да не се изнесува во медиумите.

Според веста на весникот „South China Morning“ кој се објавува во Хонг Конг, Кина предупреди при подготвувањето на информациите и вестите во врска со трговската војна новинарите и агенциите да бидат внимателни.

Во веста во која се истакнува дека 4 лица подготвиле вест за падот на индексот на берзата и кинескиот јуан, кога подготвуваат вакви вести треба да бидат повнимателни особено при поврзувањето на веста со трговската војна поради што ги предупредија медиумите да не го користат изразот „трговска војна“.

Според изворите, на медиумите кои се блиски до управата им се дава право да објавуваат информации во врска со состојбата, додека од другите медиуми се бара да не се објавуваат овие информации.

Оваа одлука на Кина беше усвоена со цел да не се предизвика паника кај народот поради економски причини.



Слични вести