Хамас: Одговорот на воздушен напад е исто така воздушен напад

Портпаролот на Хамас Абдулатиф ел-Кану на својата сметка на Твитер напиша: „Палестинските групи на отпорот нагласуваат дека окупаторот (Израел) борбата на која се нафатија со отпорот ќе ја изгубат. Одговорот на воздушен напад е исто така воздушен напад.“

1012872
Хамас: Одговорот на воздушен напад е исто така воздушен напад

Хамас истакна дека одговорот на извршениот воздушен напад од страна на Израел врз Газа би можел да биде повторно воздушен напад.

Портпаролот на Хамас Абдулатиф ел-Кану на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Палестинските групи на отпорот нагласуваат дека окупаторот (Израел) борбата на која се нафатија со отпорот ќе ја изгубат. Одговорот на воздушен напад е исто така воздушен напад.“

Кану во својата објава воедно нагласи дека Палестинските групи на отпорот нема да дозволат Израел да наметне насилно една нова равенка во Газа.

Инаку, израелски воени авиони утрово реализираа воздушен напад во Газа врз позиција на Бригадите Изедин ал-Касам, военото крило на Хамас.



Слични вести