Во судирите во Дали и Бејда во Јемен загинаа 21 милитант на Хусите

Во последните вооружени судири помеѓу јеменските владини сили и Хусите во градовите Дали и Бејда загинаа 21 милитант на Хусите

1011850
Во судирите во Дали и Бејда во Јемен загинаа 21 милитант на Хусите
Yemen.jpg
yemen askeri.jpg

Во вооружени судири помеѓу јеменските владини сили и Хусите во градовите Дали и Бејда загинаа 21 милитант на Хусите.

Според веста на интернет порталот 26sepnews.net на јеменската армија ослонувајќи се на воени извори, од страна на јеменските армиски сили бил одбиен нападот на Хусите врз позициите на Силите за народен отпор во северниот дел на градот Дали. 

Притоа се вели дека во судирите загинале 13 милитанти на Хусите.

Во градот Бејда пак во поставена заседа од страна на Силите за народен отпор против Хусите загинале 8 милитанти.

Инаку, во различни делови на градот Бејда кој што од 2015 година наваму се наоѓа во рацете на Хусите неколку недели како се водат вооружени судири помеѓу јеменските владини сили и Хусите.

Хусите се обидуваат да го спречат напредувањето на армиските сили кон центарот на градот.

Во меѓувреме, јеменските владини сили соопштија дека во Худејде била формирана бригада составена од 7.000 војници за учество во операцијата на Фронтот на западниот брег.

Како што се наведува бригадата за која станува збор била формирана под името „Девета државна бригада“ со која командувал Јахја ел-Вахш.

Јеменските владини сили заедно и со коалиционите сили на 13 јуни започнаа операција за заземање на градот Худејде и пристаништето од рацете на Хусите.

Во Јемен каде што веќе долго време владее политичка нестабилност Хусите извршија воен удар врз легитимната влада и од септември 2014 година досега ја држат контролата во свои раце во главниот град Сана и во некои области на оваа земја.

Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија пак, од март 2015 година ја поддржуваат јеменската влада.



Слични вести