Во две експлозии на митинзи во Пакистан загинаа најмалку 29 лица, а десетици се ранети

Првата експлозија се случи за време на митинг кај градот Мастунг во провинцијата Белуџистан во западниот дел на земјата, а втората на крајот на одржаниот предизборен митинг во градот Бану во северниот дел на земјата

1012139
Во две експлозии на митинзи во Пакистан загинаа најмалку 29 лица, а десетици се ранети

Во две експлозии за време на предизборни митинзи во Пакистан според првичните претпоставки животот го загубија 29 лица меѓу кои и кандидатот за пратеник Навабзаде Шираж Раисани, а 82 лица се ранети.

Според вестите кои што се објавуваат во пакистанскиот печат, се тври дека цел на експлозијата која што се случила во близина на градот Мастунг во провинцијата Белуџистан во западниот дел на земјата бил кандидатот за пратеник на Партијата Авами (BAP) на Белуџистан Навабзаде Шираж Раисани.

Ранетите во оваа експлозија беа префрлени во болници во областа и во градот Куета.

Шираж Раисани кој е брат на поранешниот премиер на провинцијата Белуџистан Наваб Аслам Раисани, беше кандидат за пратеник на новоформираната Партија Авами (BAP).

Раисани во терористички напад во 2011 година го изгуби и својот 14 годишен син.

Вториот напад пак беше извршен во градот Бану во северниот дел на земјата на крајот на одржаниот предизборен митинг на Екрем Хан Дурани, поранешен министер и еден од водечките имиња на Партијата на Заедницата на исламските улеми (JUI-F).

Во овој напад животот го загубија 4 лица кои се наоѓаа во конвојот на Дурани, а 32-јца беа ранети.

Дурани од нападот се спаси без повреди.

По нападот Екрем Хан Дурани истакна дека на крјаот на митингот се качил во своето возило по што дошло и до експлозијата додека околу неговото возило се наоѓале голем број сопартијци.

„Безбедносните сили мене претходно ме предупредија за заканите.“ - рече Дурани. 

 



Слични вести