Трамп на својата сметка на Твитер го сподели добиеното писмо од Ким Јонг-ун

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата сметка на Твитер го сподели добиеното писмо од севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун Ким Јонг-ун по онаа остварена историска средба минатиот месец во Сингапур

1011653
Трамп на својата сметка на Твитер го сподели добиеното писмо од Ким Јонг-ун

Американскиот претседател Доналд Трамп го сподели писмото кое што му било испратено од страна на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун.

Трамп во врска со писмото кое му било испратено по остварената средба со Ким Јонг-ун минатиот месец во Сингапур ја изнесе следната констатација: „Многу добра забелешка од севернокорејскиот претседател. Беше постигнат извонреден развој.“

Во писмото кое што американскиот претседател Доналд Трамп го сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер стојат следните изјави: 

„Екселенции, почитуван претседателе, мошне значајниот состанок што го остваривме со вас пред 24 часа во Сингапур и заедничката декларација што ја потпишавме навистина претставува почеток на едно значајно патување. Би сакал да го истакнал моето задоволство од енергијата и извонредниот напор што ги презентиравте за доведување до подобра точка на односите помеѓу двете земји и за реализација на декларацијата. Екселенции претседателе, силно верувам дека искрениот напор и неспоредливиот приод што ги презентиравте вие и јас наскоро ќе го дадат и својот плод во односите помеѓу Северна Кореја и САД.“

 



Слични вести