Русија: НАТО ги шири воените активности на подрачјето на северна Европа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека НАТО, критикувајќи ја Русија, ги проширил воените активности на подрачјето на северна Европа и Балтичкиот регион

1011663
Русија: НАТО ги шири воените активности на подрачјето на северна Европа

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека НАТО, критикувајќи ја Русија, ги проширил воените активности на подрачјето на северна Европа и Балтичкиот регион.

Во обраќањето на неделната прес-конференција во Москва, Захарова изјави дека Русија внимателно и детално ќе ги анализира сите одлуки донесени на Самитот на НАТО во Брисел.

Таа истакна дека обвиненијата против Русија, изнесени по самитот, не се втемелени на докази.

„Воениот блок на НАТО под таков изговор ги шири активностите на подрачјето на северна Европа и Балтичкиот регион“, изјави Захарова.

На новинарско прашање како ги коментира зборовите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија станала заробеник на Русија, истакна дека само во базите на Германија бројот на американските војници изнесува околу 35 илјади.

„Ова покажува кој навистина ја контролира Германија. Ние со Германија имаме трговски односи, додека САД само таму има своја воена база“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.



Слични вести