Расте бројот на жртвите во поплавите и лизгањето на земјиштето во Јапонија

Бројот на жртвите во поплавите и лизгањето на земјиштето во Јапонија се зголеми на 195 лица, сеуште се трага по уште 60 лица, приближно 6.700 лица се наоѓаат во скривници, а воедно беше издадена наредба за евакуација на 5,9 милиони лица

Расте бројот на жртвите во поплавите и лизгањето на земјиштето во Јапонија

Бројот на жртвите во поплавите и лизгањето на земјиштето во Јапонија се зголеми на 195 лица.

Јапонската национална полициска агенција соопшти дека бројот на загинатите во поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од поројните врнежи од дожд кои што од минатата недела ги зафатија западните делови на земјата се искачи на 195 лица.

Надлежни истакнуваат дека сеуште се трага по уште 60 лица и дека се стравува од зголемување на бројот на жртвите.

Повеќе од 70 илјади припадници на екипите за спасување ги продолжуваат активностите во градовите како што се Хирошима, Окајама и Ехиме.

Според Агенцијата за управување со пожари и елементарни непогоди, во скривници се наоѓаат приближно 6.700 лица.

Во 19 покраини во Јапонија беше издадена наредба за евакуација на 5,9 милиони лица.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе поради оваа природна катастрофа ја одложи планираната посета на Европа и Блискиот исток и ги посети областите погодени од поплавите.



Слични вести