Џереми Хант нов министер за надворешни работи на Британија

Новиот министер за надворешни работи Хант е познат како предводник на кампањата за останување на Британија во ЕУ во периодот на референдумот за Брекзит.

Џереми Хант нов министер за надворешни работи на Британија

Џереми Хант е новиот министер за надворешни работи на Британија.

Британската премиерка Тереза Меј за нов министер за надворешни работи го назначи доскорешниот министер за здравство и социјални политики Џереми Хант.

Недоразбирањата во Конзервативната партија на Британија резултираа со оставка на Борис Џонсон, кој вчера поднесе оставка на функцијата министер за надворешни работи.

Меј ја прифати оставката на Џонсон и на негово место го назначи Хант.

Оставката на Џонсон уследи по оставката на министерот за Брекзит Дејвид Дејвис.

Џонсон и Дејзис во кабинетот на Меј беа познати како челници на бранителите на „остриот Брекзит“.

Новиот министер за надворешни работи Хант е познат како предводник на кампањата за останување на Британија во ЕУ во периодот на референдумот за Брекзит.

Оставките на Џонсон и Дејвис дојдоа по најавите за нов договор за либерализација на трговијата и за царините со ЕУ.

 



Слични вести