Турција меѓу 17 земји на воените маневри „Сибриз 18“ во Украина

Турција на маневрите учествува со фрегатата ТЏГ Јавуз, подморницата ТЏГ Јилдирај, Центарот за извонредна мултинациолнална морска безбедност, мобилен тим за обука и тројца штапски офицери.

1008557
Турција меѓу 17 земји на воените маневри „Сибриз 18“ во Украина

Поморските сили на 17 земји ќе изведуваат тактички и воени вежби на маневрите „Сибриз 18“ што денес започнаа во Одеса, пристаниште на Црното море.

Домаќин на овие поморски воени маневри е Украина.

„Сибриз 18“ ќе се изведува во Црното море а ќе трае до 17 јули.

Сибриз маневрите се изведуваат во знак на поддршка на мирот и безбедност во морињата, како и меѓусебна соработка меѓу земјите учеснички.

Турција на овие поморски маневри учествува со фрегатата ТЏГ Јавуз, подморницата ТЏГ Јилдирај, Центарот за извонредна мултинациолнална морска безбедност, мобилен тим за обука и тројца штапски офицери.

На маневрите освен домаќинот Украина,учествуваат Турција, САД, Бугарија, Канада, Грузија, Литванија, Молдавија,, Норвешка, Полска, Романија, Британија, Шведска, Италија, Данска,Естонија и Грција.

 



Слични вести