Пронајдени телата на 45 удавени имигранти во мароканските територијални води

Телата на 45 удавени имигранти кои по илегален пат сакале да се префрлат од Мароко во Шпанија биле пронајдени на отворено море пред пристаништето Тангер.

1008523

Градската губернија на Тангер соопшти дека по веста за неколку тела кои пловеле во морето кај месноста Ел Араиш кај Тангер полициски екипи веднаш се упатиле кон определаната локација за утврдување на информацијата.

Полицијата открила 45 тела на удавени мигранти од кои 7 тела на жени. По идентификацијата на телата било утврдено дека сите биле марокански државјани кои се удавиле во обид на илегален начин со бротче да се префрлат во Шпанија. Најверојатно настрадале откако им се превртело бротчето.

Инаку според соопштението на Меѓународната агенција за иселеници за јануари годинава, од Нова година наваму над илјада мигранти се удавиле во Средоземното море, во обид на илегален начин да се префрлат од Африка во Европа.

Слични вести