Во експлозија на предизборен митинг во Пакистан се ранети 7 лица

За време на предизборен митинг во градот Бану во северозападниот дел на Пакистан дојде до експлозија на бомба поставена во мотоцикл во која се ранети 7 лица меѓу кои и еден кандидат за пратеник

1008041
Во експлозија на предизборен митинг во Пакистан се ранети 7 лица

Во експлозија за време на предизборниот митинг на кандидатот за пратеник на Партијата Мутахида Меџлис-и Амал (Советот за обединета акција ММА) во Пакистан Малик Ширин Хан се ранети 7 лица меѓу кои се наоѓа и кандидатот за партеник Хан.

Хурам Рашид, полициски функционер изјави дека за време на одржување на предизборниот митинг на кандидатот за пратеник Малик Ширин Хан во градот Бану во северозападниот дел на Пакистан дојде до експлозија на бомба поставена во мотоцикл. 

Истиот функционер истакна дека цел на нападот било возилото на кандидатот за пратеник и го рече следното: „7-те ранети лица меѓу кои и кандидатот за пратеник се префрлени на лекување во болницата во Бану. За среќа здравствената состојба на Хан му е добра.“

Претседателот на Партијата Мутахида Меџлис-и Амал (Советот за обединета акција-ММА) Фазлуррахман и лидерот на Џемат-и Ислами (Исламскиот блок) Шираж-ул Хак објавија соопштенија со кои го осудија нападот.

Во соопштението на Фазлуррахман се упатува повик изборните совети да ги преземат неопходните мерки за воспоставување на животната безбедност на кандидатите.



Слични вести