Рухани: Европските земји треба да фрлат практични чекори за продолжување на нуклеарниот договор

Иранскиот претседател Хасан Рухани истакна дека европските земји располагаат со политичка одлучност за продолжување на нуклеарниот договор, но треба да фрлат практични чекори за ставање во примена на оваа нивна одлучност

1008095
Рухани: Европските земји треба да фрлат практични чекори за продолжување на нуклеарниот договор

Според веста на веб порталот на иранското претседателство, претседателот Хасан Рухани на одржаниот состанок со претседателот на парламентот Али Лариџани и претседателот на судската власт Садик Лариџани во главниот град Техеран направил проценка на остварените разговори и средби за време на неговата неодманешна посета на Европа .

Во оваа пригода иранскиот претседател Хасан Рухани истакнал дека европските земји располагаат со политичка одлучност во правец на продолжување на нуклеарниот договор, меѓутоа додал дека треба да фрлат практични чекори за ставање во примена на оваа нивна одлучност во одредено време. 

На истиот состанок биле донесени и одредени одлуки за зголемување на вработувањето и за јакнување на производството и пазарот на капитал во земјата.

Инаку, иранскиот претседател Хасан Рухани во изминативе денови престојуваше во официјални посети на Швајцарија и Австрија.

По повлекувањето на САД од нуклеарниот договор властите во Техеран сакаат европските земји да фрлат одлучни чекори за продолжување на овој договор и истакнуваат дека доколку не бидат обезбедени нивните интереси и тие нема да се придржуваат кон постигнатиот нуклеарен договор.



Слични вести