Илјадници лица во Брисел одржаа протести против Трамп

На повик на граѓанските организации и синдикатите во Белгија илјадници лица се собраа пред северната железничка станица во главниот град Брисел и пред претстојниот самит на НАТО на 11 и 12 јули протестираа против американскиот претседател Доналд Трамп

1008054
Илјадници лица во Брисел одржаа протести против Трамп

Во главниот град на Белгија Брисел каде што идната недела ќе се одржи самитот на НАТО илјадници лица одржаа протести против американскиот претседател Доналд Трамп.

На повик на граѓанските организации и синдикатите во Белгија илјадници лица се собраа пред северната железничка станица во Брисел.

На протестите беа носени транспаренти на кои пишуваше „Трамп не си добредојден“.

Демонстрантите во своите раце носеа  транспаренти на кои пишуваше „Сопрете го Трамп“, „Климатските промени не се лага“ и „Држи ги далеку твоите раце од моите права“.

На протестите учествуваа и лица кои ја поддржуваа Палестина кои извикуваа слогани за повторно воздигнување на мирот.

Учесниците на протестите ја критикуваа надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп со која што се зголемува уште повеќе тензијата на Блискиот исток.

Демонстрантите потоа без да дојде до инциденти се разотидоа.

Инаку, претстојниот самит на НАТО ќе се одржи идната недела на 11 и 12 јули во белгискиот главен град Брисел.



Слични вести