Германија го осуди насилството во југозападниот дел на Сирија во близина на јорданската граница

Портпаролот на германската влада Стефан Сеиберт рече дека нападите кои што ги реализираат војниците лојални на режимот на Бешар Асад поддржуван и од страна на Русија и Иран предизвикуваат човечка трагедија во југозападниот дел на Сирија

1007687
Германија го осуди насилството во југозападниот дел на Сирија во близина на јорданската граница

Портпаролот на германската влада Стефан Сеиберт истакна дека владата на Германија го осудува насилството во југозападниот дел на Сирија во областа во близина на границата со Јордан.

Сеиберт напомена дека нападите кои што ги реализираат војниците лојални на режимот на Бешар Асад поддржуван и од страна на Русија и Иран предизвикуваат човечка трагедија и дека поради судирите повеќе од 320 илјади луѓе се принудени на иселување од областа и се наоѓаат во тешка состојба.

Сеиберт упати повик особено до Русија за повторно воспоставување на постигнатиот прекин на огнот за влез за доставување на хуманитарна помош и за областа за намалување на затегнатоста.

Портпаролот на германската влада Стефан Сеиберт воедно го додаде и тоа дека по прашањето на помошта што ја дава Јордан на бегалците треба да и се даде меѓународна поддршка на оваа земја.



Слични вести