Уште една оставка во кабинетот на Трамп

Доналд Трамп ја прифати оставката на претседателот на Агенцијата за заштита на природата, Скот Пруит, чие име во последно време често се поврзуваше со мито и корупција.

1006807
Уште една оставка во кабинетот на Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп ја прифати оставката на претседателот на Агенцијата за заштита на природата, Скот Пруит, чие име во последно време често се поврзуваше со мито и корупција.

Претседателот Трамп преку Твитер ја извести јавноста дека ја прифатил оставката на Пруит.

Истакнувајќи дека Пруит постигнал исклучително голем успех во текот на извршувањето на својата функција, Трамп додаде дека ја прифатил неговата оставка.

Трамп исто така ја извести јавноста дека на местото на Пруит на определено време го назначил Ендрју Вилер.

Инаку во последните 3 месеци американските медијуми често известуваа за појави на мито и корупција во Агенцијата за заштита на природата, па дури и Фокс Тв познат по блискоста со Трамп истакна дека Пруит би требало да поднесе оставка на функцијата претседател во Агенцијата.

 

 



Слични вести