Бројот на цивилите кои бегаат од Дера кон границата со Јордан и Израел изнесува над 350 илјади лица

Продолжува големиот бран бегства од Дера на југот на Сирија кон границите со Јордан и Израел кој што започна поради операцијата на Асадовиот режим и неговите поддржувачи на 20 јуни

1006874
Бројот на цивилите кои бегаат од Дера кон границата со Јордан и Израел изнесува над 350 илјади лица

Бројот на цивилите кои бегаат од жестоките напади на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи во подрачјето на градот Дера во југозападниот дел на Сирија се зголеми на над 350 илјади лица.

Продолжува големиот бран бегства од југот на Сирија кон границите со Јордан и Израел кој што започна поради операцијата на Асадовиот режим и неговите поддржувачи на 20 јуни, за заземање на цивилните населени места под контрола на опозиционерите во подрачјето на нградот Дера во југозападниот дел на Сирија.

Извори за цивилна одбрана во Дера информираат дека бројот на Сиријците кои бегајќи од нападите на Асадовиот режим дојдоа на границите на Јордан и Израел изнесува над 350 илјади лица.

Цивилите од Дера кои беа принудени да ги напуштат своите домови и сакаат да преминат во Јордан  ги бараат патиштата за засолнување во близина на сириско-јодранската граница.

Поголемиот дел од цивилите не можат да најдат ниту шатори во кои што би биле сместени.

Стотици илјади цивили од кои повеќето жени и деца се соочуваат со недостаток пред се од честа вода.

Прекумерното жешко време на граничниот појас каде што владеат температури дури и до 45 степени како и пустинските ветрови ги отежнуваат и условите во кои што се наоѓаат голем број бегалци.



Слични вести