Арапската лига повика на итен прекин на злосторствата против човештвото во Дера во Сирија

Во објавеното писмено соопштение од генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абу Геит се упатува повик за итен прекин на злосторствата против човештвото кои што се извршуваат врз народот во подрачјето на градот Дера на југот на Сирија

1006986
Арапската лига повика на итен прекин на злосторствата против човештвото во Дера во Сирија

Арапската лига упати повик за итен прекин на злосторствата против човештвото кои што се извршуваат врз народот во подрачјето на градот Дера на југот на Сирија.

Генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абу Геит во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Со голема загриженост и вознемиреност ги следиме опасната воена тензија што се доживува во градот Дера во југозападниот дел на Сирија и цивилните загуби од големи димензии предизвикани од оваа состојба.“

Во соопштението се предупредува дека поради ваквите случувања одат кон уште полошо зголемувањето на бројот на лицата кои се принудени да бегаат од своите домови, продлабочувањето на човечката криза и условите на бегалците во соседните земји. 

На крајот на соопштението се упатува повик за ставање во примена на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН број 2401 (со која се бара прекин на огнот во Сирија), издавање дозвола за влез на хуманитарна помош и сите страни под итно да стават крај на воените тензии. 

Инаку, сирискиот режим и неговите поддржувачи откако ги зазедоа Источна Гута во близина на главниот град Дамаск и областите за намалување на затегнатоста во градот Хомс во централните делови на 20 јуни започнаа операција кон југозападните делови на земјата. 

Фунцкионери на Обединетите нации (ОН) често повторуваат дека се загрижени за животот на 750 илјади лица во подрачјето на градот Дера.



Слични вести